ВИДЕО: ЧУДЕСЕН ЕВРОГОЛ – Ланцини го расплака Мурињо со мајсторија од 30 метри!

Мануел Ланцини е виновникот за инфаркт завршницата на лондонското дерби во кое Тотенхем испушти 3-0 и загуби два бода против Вест Хем на Дејвид Мојс.

Аргентинскиот фудбалер постигна прекрасен погодок во последните секунди од мечот. 27-годишникот налета на една одбиена топка и упати страшен удар, на кој Хуго Лорис немаше шанси да одговори.

  • Голот на Мануел Ланцини против Тотенхем: 

Вест Хем ја сочува серијата без пораз која трае на последните три натпревари.