Чуден потег на Оле: Ги шокирал фудбалерите, па си заминал со семејството во Норвешка

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед минатиот викенд одново доживеаја дебакл пред својата публика, откако беа само „гледачи“ на фудбалската претстава на Манчестер Сити на „Театарот на соништата“.

Сити без поголеми проблеми успеа да слави со сигурни 0-2, бидејќи „црвените ѓаволи“ одиграа уште еден многу лош натпревар. Во претходните два дуели на домашен терен Јунајтед прими дури седум гола и не постигна ниту еден гол (0-5 против Ливерпул).

И по овој натпревар, норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер повторно се најде на жестоки критики, а навивачите бараат негов отказ, сметајќи дека Јунајтед игра многу лошо во последно време и дека мора да се направат некои промени. Солскјер полека го губи авторитетот во соблекувалната, бидејќи англиските медиуми објавија дека по поразите од Сити и Ливерпул, Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш отворено го критикувале Норвежанецот и неговиот начин на игра. Најмногу критики добива за тоа што целосно го игнорира Дони ван де Бик, за кого многумина мислат дека заслужува да биде на терен, а со Солскјер има навистина мизерна минутажа.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Солскјер повторно ги шокирал своите фудбалери. Најголем дел од играчите имаат репрезентативни обврски, но оние кои останаа во Манчестер очекуваа да тренираат. Но, Солскјаер  на групата на „WhatsApp“ ги информирал дека нема да има тренинг, па дури и им дал седум дена одмор, што за нив беше шокантно. Тој само накратко кажа дека со семејството отпатувал во Норвешка, а до следниот понеделник нема да има тренинг.

Ова ги шокираше играчите на Јунајтед бидејќи на сите им е јасно во каква криза се наоѓа тимот и очекуваа Солскјер да ја искористи репрезентативната пауза за да најде решение, а тој отпатува за Норвешка.

Сепак, и покрај тоа, челниците на Манчестер Јунајтед сè уште му веруваат на Солскјер и не сакаат да го отпуштат. Тоа најмногу се должи на фактот што Сер Алекс Фергусон одлучил да му даде поддршка и смета дека сè уште не е време клубот да менува тренер.