Чубраковиќ останува на голот на „пандевци“ и наредната сезона!

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, Академија Пандев, го продолжи договорот со голманот Душан Чубраковиќ

Младиот српски голман и наредната сезона ќе го брани голот на „пандевци“ кои одиграа сезона за паметење. Се изборија за европски настапи, а се израдуваа и на титулата во Купот на Македонија.

Токму Чубраковиќ беше херој на струмичката екипа, откако одбрани двапати во пенал рулетот во финалето против Македонија Ѓорче Петров. Србинот одлично ги прочита шутевите на Робсон Да Силва и Дејан Тантуровски. 

На денешната ждрепка Академија Пандев ќе до дознае првиот противник во квалификациите за Лига за Европа.