Чубраковиќ: Не се победува секој ден шампионски тим како Шкендија

Академија Пандев со голема победа над Шкендија ја отвори Првата македонска фудбалска лига (1-0), а трите бода можеби немаше да останат во Струмица, да не беше голманот Душан Чубраковиќ.

Србинот имаше вонсериска партија меѓу стативите на „пандевци“ и ги спречи налетите на шампионот да постигне погодок. Во изјава за Gol.mk, чуварот на мрежата потенцира дека победата е на целиот тим, а добрата индивидуална партија го радува.

„Шкендија е шампион, не се победува секој ден таков тим, за кoj имам голем респект. Драго ми е што успеавме да триумфираме, имавме врвна партија, но немаше да успееме да победиме да не беше целиот тим. Оваа победа е наша, сите сме заслужни за неа. Добро е што стартувавме со три бода, секогаш првите мечеви се тешки. Триумфот над Шкендија е мотив за понатаму, затоа што пред стартот на сезоната си ги зацртавме целите, а тоа е да го повториме успехот од лани, со пласман во Европа и Куп-трофеј. Триумфот ни доаѓа добро пред тешкиот распоред кој го имаме. Сега, за нас следи натпревар со Македонија ЃП, тим кој исто така го респектираме многу, но, сепак, посакуваме бодови. Очекувам голема борба, тие сигурно ќе влезат мотивирани исто како и нас. Ние ја победивме Шкендија, тие го победија Вардар. Очекувам интересен натпревар“, изјави Чубраковиќ.

Голманот беше јунак на „пандевци“ и во финалето од Купот на Македонија, кога во пенал-серијата со одбрани го донесе првиот историски трофеј за тимот на македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 3 2 2 0 0 3:1 2 6
2 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 2 1 1 0 2:0 2 4
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 2 1 1 0 1:0 1 4
4 РаботничкиРаботнички 2 2 1 0 1 3:2 1 3
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 2 1 0 1 3:3 0 3
6 СилексСилекс 1 2 1 0 1 1:1 0 3
7 ШкупиШкупи 5 2 1 0 1 2:2 0 3
8 БорецБорец 1 2 0 1 1 0:2 -2 1
8 ВардарВардар 1 2 0 1 1 0:2 -2 1
10 ШкендијаШкендија 3 2 0 0 2 0:2 -2 0