„Човекот за големи натпревари“ го напушта Ливерпул, но останува во ПЛ

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги по сè изгледа ја заврши својата ера на „Енфилд Роуд“ и во следната сезона ќе ги брани боите на друг тим.

Според британските медиуми, белгискиот напаѓач е мета на повеќе премиерлигаши, а најблиску до неговиот потпис е Астон Вила. Тимот од „Вила Парк“ во самиот финиш од шампионатот обезбеди опстанок во англиската елита, па менаџерот Смит веќе започна да го гради тимот за новата сезона. 

Наводно, Ливерпул дал „зелено светло“ за реализација на овој трансфер од кого очекува да инкасира 20 милиони фунти. 25-годишниот Белгиец ниту во сезоната која што само што заврши не можеше да ужива во поголема минутажа во Премиер лигата, но и покрај тоа во Ливерпул ќе биде запаметен како „човекот за големи натпревари“, затоа што кога и да беше потребно влегуваше во игра и носеше победа за Ливерпул.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.