• Горан Упале
Џејмс Милнер објави дека на 40-годишна возраст ја завршува својата професионална кариера. Легендарниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Во најсилната лига во светот запиша вкупно 658 настапи.
Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и на крај Брајтон.
„По 24 години во Премиер лигата, чувствувам дека е вистински момент да ја завршам кариерата. Не можев ни да замислам дека ќе имам ваков пат. Сите клубови имаа важна улога во мојата кариера и живот. Фудбалот ми даде сè и секогаш ќе му бидам благодарен“, напиша Милнер.
За репрезентацијата на Англија одигра 61 натпревар и постигна еден гол. Двапати ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити, а еднаш со Ливерпул. Со „црвените“ беше и европски шампион во сезоната 2018/2019.
