ВИДЕО: Човекот по кој порано се вртеше половина Европа го реши Каират во ЛШ!

Фудбалерите на Олимпијакос забележаа минимална победа на гостувањето кај Каират во Алмати (0-1) во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот:

Домашната екипа во Казахстан одново парираше и беше на високо дефанзивно ниво, меѓутоа не успеа да издржи и да освои голем бод. Долго време на „Астана Арена“ се играше без голови, а грчкиот клуб пред финишот успеа да го скрши домашниот отпор за прва победа во елитата. 

Херој на победата на Олимпијакос беше човекот за кој своевремено се интересираше половина Европа, Гелсон Мартинс. Португалецот во 2018 година од Спортинг заврши во Атлетико Мадрид, беше репрезентативец и интересот за него беше огромен. 

Од минатото лето тој е дел од Олимпијакос, а сега го реши тешкото гостување кај Каират со единствениот гол во 73. минута по асистенција од Тареми (0-1). Со оваа победа Грците останаа во трката за плеј-оф бидејќи имаат пет бода. Од друга страна Каират има само еден и е претпоследен.