• Горан Упале
Манчестер Сити рутински се справи со Флуминенсе и за првпат во историјата стана светски клупски шампион.
Во финалето во Саудиска Арабија „граѓаните“ извојуваа убедлива победа од 4-0 и со тоа ги собраа сите можни клупски трофеи. Во финалната пресметка Алварез со два гола беше херојот на „граѓаните“, но признанието за најкорисен фудбалер на турнирот заврши во рацете на фантастичниот Родри.
UCL player of the tournament
Nations League player of tournament
Club World Cup player of the tournamentRodri has the potential to retire as the best CDM of all time. Literally does everything pic.twitter.com/HEojz24IIR
— Janty (@CFC_Janty) December 22, 2023
Така, „човекот од сенка“ на Пеп Гвардиола го комплетира хет-трикот, откако претходно беше избран за МВП во Лигата на шампионите, како и на последната завршница во Лигата на нации.