• Мартин Танасковски
Менaџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, официјално стави крај на долгите шпекулации околу својата иднина на „Селхрст Парк“. Австрискиот стратег потврди дека нема да потпише нов договор со лондонскиот клуб и дека на крајот од актуелната сезона ќе се раздели со Палас.
Со оваа одлука, Гласнер јасно стави до знаење дека планира нов чекор во кариерата, иако во изминатиот период неговото име често се поврзуваше со продолжување на соработката. Неговото заминување ќе означи крај на една важна етапа за клубот, во која Палас настапуваше со јасен тактички идентитет и стабилни резултати во Премиер лигата.
„Одлуката не беше лесна, но сметам дека е вистинскиот момент за промена. Му благодарам на клубот, на играчите и на навивачите за поддршката што ја добивав од првиот ден. До крајот на сезоната ќе дадам сѐ од себе за Кристал Палас“, изјави Гласнер.
Раководството на клубот засега не излезе со официјален став околу негов наследник, но јасно е дека во наредните месеци ќе започне потрага по нов тренер кој ќе ја продолжи започнатата работа. До тогаш, фокусот останува на теренот и на што е можно подобар финиш на сезоната.
Оливер Гласнер имаше одлична работа со Кристал Палас, а го освои ФА Купот и на клубот му го донесе првиот трофеј во елитниот ранг во 120-годишната историја.
