Човекот кој го водеше Челзи до финале во ЛШ на гости кај Брера во Струмица

Брера Струмица преку социјалните мрежи се пофали дека на натпреварот против Струга ќе има посебен гостин. 

Станува збор за поранешниот предводник на премиерлигашот Челзи, Аврам Грант. Израелскиот стратег кој ги водеше „сините“ до финалето на Лигата на шампионите во 2008 година допатува во Струмица на лична покана од Зоран Балдовалиев.

Оперативецот на Брера го дочека Грант во својот град, а денес заедно ќе го проследат натпреварот против Струга од ПМФЛ. За струмичани доаѓањето на едно вакво тренерско име кое водело клуб во финалето на Лигата на шампионите е голем подвиг.

Интересно е дека Балдовалиев никогаш во кариерата нема соработувано како играч со Грант како тренер.