Човекот кој ги освои срцата на Македонците добива „шут-карта“ од Интер

Марцело Брозовиќ, фудбалерот кој ги освои срцата на Македонците со донација за девојка од Македонија на која ѝ беа потребни средства за операција, се наоѓа во големи проблеми и може да добие „шут-карта“ од Интер.

>>> ФОТО: Голем потег на Брозовиќ – ја плати цела операција на Македонка!

Во само петнаестина дена Брозовиќ направи неколку испади со кои го оцрни реномето на клубот. Возеше во алкохолизирана состојба, лудуваше по Милано, а капката што ја прели чашата беше лошото однесување во болница откако болничарите не го примиле да го види неговиот полесно повреден пријател.

„Газета дело спорт“ во најновото издание пишува дека Интер одбил да ги коментира сите инциденти што ги направи Хрватот и дека трпението на управата е на самиот крај. Поради испадите тој ќе се најде на трансфер-листа и ќе биде продаден.

За услугите на Брозовиќ имаше и претходно заинтересирани клубови, па нема да му биде тешко на Интер да го продаде. Најзагреани беа екипи од Премиер лигата, меѓу нив лондонски Арсенал.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.