Тренерот кој беше „десна рака“ на Каран во Шкупи ќе работи во Велазерими

Екипата на Велазерими доби нов тренер за наредниот период и тоа во искусниот 55-годишен Хусеин Хурсој, со кого управата се договорила лесно.

Хурсој веќе ја знае Македонија, со оглед на тоа што беше „десна рака“ на Умит Каран за време на неговиот престој во Шкупи. Тогаш, тој го наследи Емрах Волкан кој си замина поради приватни проблеми, а голем плус за него е што поседува ПРО-лиценца.

Хусеин има 20 годишно искуство како тренер, а четиринаесет како фудбалер. Бил член на Бурса, Измир, Болуспор, Јаловаспор...

Велазерими е на второто место во ВМФЛ - Запад, а силно посакува да обезбеди место во македонскиот елитен фудбал.