• Мартин Танасковски

Холандскиот голман Андриес Ноперт ги заврши настапите со „лалињата“ на Светското првенство во Катар, а сега ќе го направи трансферот од соништата, велат од Холандија.
28-годишниот за прпват застана на голот на Холандија на СП 2022, а зад него има интересна приказна. Голем дел од кариерата тој го мина како резерва во Херенвен, а семејството во 2020 година правело се да го натера да се откаже од фудбал и да се запише на факултет, но тој не ги послушал.
По добрите настапи на Мундијалот во Катар, Ноперт се најде на радарот на Ајакс. Дик Адвокат и Јохан Дерксен, две големи имиња во холандскиот фудбал, најавија дека тој чекори кон голем трансфер во Амстердам.
Ноперт во моментов брани за Херенвен, а претходно беше дел од Го Ахед Иглс, Додрехт, НАК Бреда и италијанска Фоџа. Интересно, кога ќе се соберат сите настапи во неговата професионална кариера која трае од 2013 година, тие едвај ја надминуваат бројката од 50.