Човек трофеј: Знаете ли колку пехари освои Пеп со Сити за десет години?

Со магијата на Семењо, Манчестер Сити го совлада Челзи во финалето на ФА Купот и стигна до уште еден трофеј.

Интересно е што Пеп Гвардиола, кој пред десет години седна на клупата на англискиот тим, има дури дваесет трофеи.

Под водство на славниот Каталонец, Сити освои една Лига на шампиони, шест Премиер лиги, пет Лига Купови, три ФА Купови, три Комјунити шилдс, Суперкупот на УЕФА и Светското првенство на ФИФА.

Оваа сезона, тој би можел да стигне до 21-та круна, ако Сити успее да ја освои Премиер лигата. На две кола до крајот, Арсенал има два победа повеќе.