ВИДЕО: Човек со снајпер во ногата – двапати за две години дава гол од ЦЕНТАР! 

Балша Секулиќ, фудбалерот на Подгорица, повторно е ѕвезда во црногорските фудбалски кругови, откако вчера даде нов епски гол од половина терен. 

Неговиот тим одигра без победник на дербито со шампионот Сутјеска, а тој уште еднаш докажа дека има снајпер во ногата. За него далечината на фудбалскиот терен како да не му претставува проблем, бидејќи од центарот погодува како со рака. Секулиќ со нов фантастичен гол од половина терен го отвори вчерашното дерби и ја повторно мајсторијата од пред две години, кога како член на Будуќност исто така запиша погодок од истата далечина.

  • Голот на Секулиќ од центар: 

Дуелот меѓу Подгорица и Сутјеска заврши без победник, 2-2, а сите голови беа постигнати во вториот дел.