Човек кој водеше тим во полуфиналето на ЛШ го наследи Луис во Фламенго

Фламенго експресно најде замена за Филипе Луис и го назначи португалскиот стратег Леонардо Жардим за нов тренер на бразилскиот гигант.

Клубот од Рио де Жанеиро официјално потврди дека 51-годишниот тренер потпиша договор со важност до крајот на 2027 година. Жардим веќе го одработил и првиот тренинг со новиот тим и ја започна својата авантура на клупата на Фламенго. Португалецот доаѓа на местото на Филипе Луис, кој претходно беше разрешен од функцијата, интересно по победа на Фламенго од 8-0.

Жардим зад себе има богато тренерско искуство и во текот на кариерата работеше во неколку познати клубови. Меѓу нив се Брага, Олимпијакос, Спортинг, Монако, Ал-Хилал, Ал-Шабаб, Ал-Ахли, Ал-Рајан, Ал-Аин и Крузеиро.

Најголем успех во кариерата оствари со Монако, со кој во 2017 година ја освои титулата во француската Лига 1 и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.