Човечкиот живот е поважен од фудбалот: Финците и Полјаците чекаа исход од реанимацијата на навивач! 

Фудбалерите на Финска ја победија Полска во Хелсинки (2-1), во четвртото коло од групата Г во квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, но резултатот беше засенет од несреќен инцидент надвор од теренот.

Имено, во 72. минута, еден навивач се струполи како да доживеал срцев удар, а медицинските лица од двата тима се упатија кон несреќниот човек од трибините, правејќи сѐ што можат за да му го спасат животот. Судијата го прекина натпреварот, а кога виде дека реанимацијата ќе трае долго, ги испрати во соблекувалните, додека повторно не го повикаа.

На крајот од конвулзивната борба за живот, неименуваниот човек беше испратен во болница, а двете федерации објавија дека е на понатамошен медицински третман, со заедничка желба што побрзо да помине без послдици и да се опорави од ужасното искуство.