ВИДЕО: Чосиќ во транс - СУПЕР-МАРИО нè носи пред портите од рајот!

Хрватска е во транс, фудбалската еуфорија ги зафати сите кои при срце ја имаат оваа мала, но сепак голема фудбалска сила. Легендарниот коментатор Драго Чосиќ повторни „извади бисер“ од ракавот и на емоционален начин го искоментира победоносниот гол на Марио Манџукиќ во полуфиналето во Москва против Англија.

„СУПЕР-МАРИО нè носи пред портите од рајот....“, урлаше 60-годишниот стручњак. 

Како и против Данска и Русија, и вечерва Хрватската телевизија ги собори сите рекорди на гледаност во земјата.