• Редакција Gol.mk

Екипата на Струга Трим Лум успеа да победи кај Башкими во Куманово, а информациите кои доаѓаат по мечот не се добри, затоа што гостите биле нападнати по финишот.
Според првичните информации до кои дојдовме, членови на Струга биле нападнати од член на раководството на Башкими. Стружани се во Куманово, а чекаат дополнителна полициска заштита за да може безбедно да го напуштат стадионот.
Се чека извештајот на делегатот на натпреварот, по кој ќе бидат јасни случувањата по мечот кои се сè, само спортски не.







