Член на Јунајтед се предозирал, итно пренесен на болница

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед неколку години е во голема криза, пред сè резултатска, а синоќа доживеа нов жесток удар. 

„Ѓаволите“ веќе се на австралиско тло, каде се подготвуваат за новата сезона во Премиер лигата и Лигата на Европа, а како што соопштуваат тамошните медиуми синоќа имале долга ноќ. 

Наводно, еден член од стручниот штаб на Оле Гунер Солскјер се предозирал и итно морал да биде пренесен во најблиската болница. Засега клубот успева да го сочува идентитетот на својот член, но знаејќи ја упорноста на британските новинари, несомнено набрзо ќе се открие. 

Исто така, сè уште не е соопштено дали членот на Јунајтед се предозирал со лекови или пак во прашање е недозволена супстанца.