• Горан Упале
Македонската фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар заврши со минимална победа на „зелено-белите“ од 1-0, а покрај сиромашната понуда на теренот, на трибините имаше многу повеќе „забава“.
Двете навивачки групи безусловно ги бодреа своите екипи, направија пиротехнички шоуа, а си испратија и по некоја провокација. Први тоа го направија „Комитите“, а потоа возвратија најверните фанови на домашната екипа.
Херој на македонското дерби беше Мирко Ивановски, кој мрежата на вардарци ја затресе во судиското надополнување и лудо прослави со „Чкембари“.