ФОТО: „Чкембари“ со супер-кореографија на дербито со Вардар!

Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ по крајот на ракометниот меч на нивниот клуб, се упатија кон стадионот каде се игра дербито со големиот ривал Вардар.

Специјално мотивирани за фудбалските натпревари кои секогаш се место за докажување на трибините, битолчани изготвија кореографија специјална за дербито.

„Заколнати на верност“, стоеше како порака пред воинот кој со меч е клекнат пред логото на Пелистер.