ФОТО: „Чкембари“ со кореографија и факли во чест на 40. роденден!

Битолски Пелистер денеска слави големи јубилеи – 80 години од постоењето на клубот и 40 години од навивачката група „Чкембари“, а по тој повод во Битола има пријателски меч меѓу зелените и романски Динамо Букурешт.

На трибините на стадионот „Петар Милошевски“ посетата е солидна, а навивачката група на Пелистер имаше свое шоу. „Чкембарите“ со факли го прославија роденденот и јубилејот, а исто така имаше и специјална кореографија.

Навивачката група на Пелистер е оформена во далечната 1985 година и долги години важи за една од најбројните на домашната сцена.