ВИДЕО: „Чкембари“ се качија на коњи, ги пецнаа „Комити“ и го најавија гостувањето на дербито!

По пауза од неколку сезони вечните фудбалски ривали Вардар и Пелистер одново ќе водат битка каде што им е местото – во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Распоредот посака првото „вечно“ дерби да се игра уште во второто коло, а домаќин е најтрофејниот клуб. По тој повод „Чкембарите“ на несекојдневен начин го најавија своето присуство на овој дуел, откако се качија на коњи и ги „пецнаа“ своите ривали „Комитите“.

Големото дерби меѓу Вардар и Пелистер е закажано за в недела на Националната арена „Тодор Проески“ од 20:00 часот.

Во првото коло Пелистер ремизираше со Гостивар, додека Вардар беше поразен од Брера.