„Чкембари“ и Пелистер добија честитка за Прва лига од – Полска!

Пелистер обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) како најдобар тим во Втората лига - Запад, а пристигна првата интернационална честитка од една од збратимените навивачки групи.

Тифозите на Белхатов пред натпреварот во полскиот шампионат против Сандецја Нови (0-3) истакнаа парола со која им честитаа на битолските „зелени“ за кам-бекот во најквалитетната македонска фудбласка лига.

„Честитки „Чкембари“. Честито влез во Првата лига браќа!“, стоеше на паролата која беше истакната за време на натпреварот.

Популарните „Чкембари“ од Битола се збратимија со навивачите на Белхатов во 2017 година на европските дуели на Пелистер против Лех Познањ. Подоцна односите ги продлабочија за време на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година, каде беа да ја бодрат Македонија.