Чистката во Работнички продолжува, „збогум“ и за Бразилецот Калани

Управата на македонскиот прволигаш Работнички ја информира јавноста дека ја прекина соработката со Бразилецот Калани Алмеида, кој одигра петнаесет првенствени натпревари, но не постигна ниту еден гол во Првата македонска фудбалска лига. 

Напаѓачот пристигна во Скопје минатото лето од словенечкиот Толмин, а претходно настапуваше и за екипата на Горица. 

Дебармаалци му се заблагодарија за неговиот учинок во нивниот дрес и му посакаа многу успех во натамошната фудбалска кариера.