Чиле официјално поднесе жалба, учеството на Еквадор на СП 2022 доведено во прашање?

Еквадор

Чиле поднесе жалба кон Интернционалната фудбалска федерација (ФИФА), со кое бара испитување на случај, кој би можел да биде кобен за Еквадор.

Бајрон Кастиљо настапи во квалификациите за Мундијалот во Катар. Овој фудбалер наводно немал право да го носи дресот на еквадорската репрезентација, бидејќи доаѓа од Колумбија.

„ФИФА одлучи да отвори дисциплинска постапка во врска со настапите на Бајрон Давид Кастиља Сегура“, се вели во соопштението на ФИФА.

Чилеанците се надеваат дека ќе го добијат местото на Еквадор на Светското првенство. Тоа би се случило ако ФИФА одлучи да додели службени порази за Еквадор на сите натпревари на кои настапил овој фудбалер.

Еквадор на Мундијалот треба да игра во групата А со Катар, Холандија и Сенегал.