ВИДЕО: Чичарито ја израдува Севиља, Хетафе продолжи во победнички ритам во ЛЕ

Чичарито гол

Големиот фаворит во групата А, Севиља, стигна до две победи од исто толку натпревари во новата сезона од Лига Европа.

Од Андалузија вечерва со пораз си замина АПОЕЛ (1-0), кој имаше среќа што не си замина со повеќе голови во својата мрежа. Чичарито се најде на вистинското место во првиот дел и круниса една од многуте шанси на домашниот тим во воведното полувреме.

Во групата Б двата натпревари завршија без победник, па работите на табелата не се променија. Копенхаген и Динамо Киев останаа на врвот со денешните реми средби против Малме, односно Лугано.

Изненадувањето на стартот од ЛЕ е тимот на Хетафе, кој со шест бода и две победи е лидер во групата Ц. Денес шпанскиот прволигаш запиша нова победа на гостински терен против руски Краснодар (1-2). Анхел одигра одличен меч и го постигна двата гола за нови три бода на гостинот.

Трабзонспор го пречека Базел и извлече бод (2-2), што за турскиот претставник е прв оваа сезона.