Четврто засилување за пелистерци: Трифуновски се врати во матичниот клуб

Еден од главните фаворити за промоција во ПМФЛ, битолски Пелистер денес го доведе четвртото засилување во летниот преоден рок. Како и во случајот на Борче Маневски, кој потпиша минатата среда, пак се работи за повратникот.

Офанзивецот Иве Трифуновски по една сезона во Брегалница, се врати во Битола и се обврза на договор до крајот на сезоната. 

Овој офанзивен фудбалер, заедно со Главевски и Маневски, ќе биде задолжен за голови во сезоната 2019/20. Претходно на тимот на Дарко Крстевски му пристапија Мирко Симјановски од Вардар Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа.

Пелистерци тренирата двапати дневно под „Тумбе кафе“, а првиот тест со новајлиите стручниот штаб го закажа за 27 јули, кога Пелистер во Охрид ќе се сретне со Кадино.