Четврто последователно финале во ЛЕ за Унаи Емери

Унаи Емери

Со исклучок на двете години кои ги помина во ПСЖ, Унаи Емери игра во финалето на Лига Европа во неговите четири последни учества во натпреварувањето.

Серијата ја започна во 2014 година кога во финалниот меч по пеналите го доби дуелот со Бенфика. Следната година надигран беше Днипро со 3-2, а пред три години, 47-годишникот ја донесе рекордната петта титула за Андалузијците откако во финалето беше подобар од Ливерпул.

Потоа следуваше трансфер во француската престолнина каде не успеа да донесе европски успех.

Сега следува меч за титула со Арсенал кој во полуфиналната фаза ја елиминира неговата поранешна екипа Валенсија. 

Во големото финале во Баку противник на „топџиите“ ќе биде Челзи кој беше поуспешен од Ајнтрахт Франкфурт.