• Сашо Поповски


Триото на великани е на врвот, како и вообичаено. Во неизедначено првенство какво што е португалското никој нема право на кикс. Посебно не Бенфика, која во финишот на 2021 година влегува со слоганот „да се биде или не“ и под притисок.
Лисабонските „орли“ во овие седум дена ги чекаат две гостувања кај Порто! Прво во петтото коло од Купот, односно осминафиналето, потоа и во лигата, во дерби на кое евентуален пораз ќе донесе полни седум бода заостанување зад двата најголеми ривали во шампионската трка.
Сите квоти на MOZZART за натпреварот Порто - Бенфика >>>
Двата ривали Порто и Спортинг уште немаат пораз. Бенфика загуби две средби, неодамна од Спортинг со 1-3. Застана на нозе потоа со четири победи во низа, крунисани со брутални 7-1 против Маритимо во режија на Рафа Силва – четири асистенции и гол – и Дарвин Нуњез.
Порто е во серија од дури десет лигашки победи. На својот стадион „Драгао“ е максимален: седум натпревари, седум победи и гол-разлика 19-3.
Сега, сепак, против себе, го има најубедливиот напад во Примеира, лисабонските „орли“ на 12 натпревари дадоа дури 46 гола, иако Рубен Аморим, тренерот на Спортинг, потенцира дека Бенфика седум гола му даде на Белененсес кој поради корона играше со девет играчи, меѓу кои имаше и двајца голмани.
Но, што било поминало, Бенфика мина во Лигата на шампионите пред Барселона и јасно е дека има квалитет да се врати во борбата за титула. Сега, Купот е на масата и иако се работи за помалку важен трофеј, од него Бенфика нема да се откаже. Барем не кога игра со лутиот ривал.