Четвртфиналистите се со „километража“ – знаете ли кој пропатува најмногу?

Светското првенство кое за првпат се одржува во три земји, САД, Канада и Мексико, донесе досега невиден логистички предизвик за репрезентациите. Со дури 16 градови домаќини распоредени низ Северна Америка, националните селекции беа принудени да минуваат огромни растојанија меѓу натпреварите.

Според анализата на „Би-Би-Си“, најмногу патувала репрезентацијата на Англија, која до пласманот во полуфиналето поминала повеќе од 22.500 километри, убедливо најмногу од сите преостанати селекции. Избраниците на Томас Тухел беа сместени во Канзас Сити, а за своите натпревари патуваа до Атланта, Бостон, Мексико Сити и Мајами, при што секогаш се враќаа во својата база.

Аргентина, која исто така беше сместена во Канзас Сити, поминала нешто повеќе од 12.800 километри, што е значително помалку од Англичаните. Од друга страна, Франција имаше најповолна логистичка ситуација. „Триколорите“ најголемиот дел од турнирот го поминаа на источниот брег на САД и до полуфиналето патуваа помалку од 3.200 километри. Дури и со патувањето до Далас за полуфиналниот дуел против Шпанија, нивната вкупна километража останува далеку помала во споредба со останатите полуфиналисти.

Шпанија, пак, поминала повеќе од 19.300 километри, додека Швајцарија надминала 16.000 километри, најмногу поради честите преселби меѓу градовите домаќини.Мароко повеќепати се враќаше во својата база во Њу Џерси, иако натпреварите ги играше во Бостон, Атланта, Монтереј и Хјустон, пред да биде елиминиран од Франција во четвртфиналето. Белгија, благодарение на базата во Рентон, во сојузната држава Вашингтон, поминала околу 6.400 километри пред елиминацијата од Шпанија.