Четвртфиналисти во Купот: Доаѓа нов владетел, ќе има два второлигаши!

Купот на Македонија ги има осумте најдобри екипи, по комплетирањето на осминафиналните парови кои понудија возбудувања.

Ждрепката ќе ни понуди два второлигаши во следната фаза. Во четвртфиналето на големо изненадување се најдоа Детонит Плачковица и Арсими, кои ги елиминираа Пелистер и Воска Спорт.

Од прволигашите, место меѓу осумте најдобри имаат Брера Струмица, Гостивар, Шкендија, Силекс, Струга и Вардар.

Фудбалската федерација на Македонија се очекува набрзо да ја закаже ждрепката за следната фаза која е предвидена да се игра следната година.