СП У20 четвртфинале: „Кариоките“ со Израел, Италија против Колумбија

По комплетирањето на осминафиналните натпревари, познати се четвртфиналните парови на Светското првенство (СП) за фудбалери до 20 години кои се играат во Аргентина.

Најголемиот фаворит, тоа е репрезентацијата на Бразил У20, во четвртфиналето ќе игра против репрезентацијата на Израел и важи за огромен фаворит на хартија.

Втората европска селекција меѓу осумте најдобри, тоа е Италија, ќе се соочи со Колумбијците. Во третото полуфинале САД игра против Уругвај, а програмата ја комплетираат Јужна Кореја и Нигерија.

Натпреварите стартуваат утре (сабота) со дуелот Бразил - Израел (19:30) и Колумбија - Италија (23:00), а ден подоцна (недела) во истите термини ќе се играат дуелите Јужна Кореја - Нигерија и САД - Уругвај.