Четвртфинале ЛН: Реприза на финалето од СП 2018 и два европски класици

Дојде време за новиот формат во нокаут фазата на Лигата на нациите. Првпат ќе се одиграат четвртфинални двомечи, а потоа подобрите одат на завршниот турнир. Ќе се одиграат осум четвртфинални средби, сите меѓу атрактивни репрезентации и се очекува доста возбудувања.

Возбудливо се очекува да биде на „Сан Сиро“ каде што Италија ќе ја дочека Германија. Овој европски класик секогаш буди интерес кај фудбалската јавност, а така е и сега. Дерби се игра и во Холандија, бидејќи на „лалињата“ им гостува европскиот првак Шпанија. Ќе се одиграат и две репризи на финалето од Мундијалот во 2018 година меѓу Хрватска и Франција, а интересно ќе биде и во двомечот на Данска и Португалија.

  • Четвртфинални натпревари во Лигата на нации:

Данска - Португалија
Хрватска - Франција
Италија - Германија
Холандија - Шпанија

Сите натпревари вечерва се во терминот од 20:45 часот. Само три дена подоцна, поточно в недела ќе се одиграат реванш дуелите.