Четворица фудбалери нема да дочекаат пролетна сезона во Гостивар

Второлигашот Гостивар денес ѝ соопшти на јавноста дека се разделува со четворица фудбалери во пресрет на пролетниот дел од сезоната.

Во тимот повеќе нема да ги гледаме Петар Љамчевски, Христијан Кировски, Иван Настевски и Ферат Рамани.

Наредните неколку дена ќе донесат неколку нови засилувања за гостиварчани кои првиот дел од сезоната го завршија на третото место на ВМФЛ-Запад.

Натпреварите во втората по ранг лига во Македонија започнуваат на крајот од февруари.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.