ФОТО: Четворица фудбалери на Барса и ниту еден на Реал во идеалниот тим на Примера

Со нова доминација на Барселона и одбрана на титулата изминатиов викенд и официјално заврши најквалитетното фудбалско натпреварување на Шпанија

Покрај одличните настапи на Каталонците, сезоната во Примера ќе се памети и по очајниот настап на Реал Мадрид, а популарната интернет страница која се занимава со статистичките податоци „WhoScored“ го откри идеалниот тим на шпанското првенство. Во истиот доминираат играчите на Барселона, а нема ниту еден член од „кралскиот“ клуб. 

За најдобар голман е избран Јан Облак од Атлетико Мадрид, а во одбраната друштво му прават Пења и Коте од Еибар, како и стоперскиот тандем Пике (Барселона) и Марипан (Алавес).

Во средниот ред се најдоа Дани Парехо (Валенсија), Родриго (Атлетико Мадрид), Дембеле (Барселона) и Лионел Меси (Барселона), а нападот е покриен со Луис Суарез (Барселона) и Јаго Аспас (Селта). 

Очекувано, највисока оценка доби првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси (8,4). Наскоро се очекува да биде откриен и најдобриот тим според Примера.