Четири звучни отсуства во составот на Бразил за Копа Америка

Лукас Моура, Марсело, Даглас Коста и Паулињо се најзвучните имиња кои нема да бидат дел од репрезентацијата на Бразил за престојната Копа Америка. Од списокот се изоставени и Фабињо од Ливерпул и долго повредениот Винициус Јуниор од Реал Мадрид.

Селекторот Тите го објави списокот од 23 фудбалери кој го предводи првата ѕвезда Нејмар. Доверба доби Кутињо и покрај критиките за своите игри во Барселона.

  • Дефинитивниот список на Бразил за Копа Америка:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Касио (Коринтијанс), Едерсон (Манчестер Сити)

Одбрана: Алекс Сандро (Јувентус), Дани Алвеш (ПСЖ), Едер Милитао (Порто), Фагнер (Коринтијанс), Филипе Луис (Атлетико Мадрид), Маркињош (ПСЖ), Миранда (Интер) и Тиаго Силва (ПСЖ)

Среден ред: Алан (Наполи), Артур (Барселона), Каземиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер Сити), Лукаш Пакета (Милан) и Филипе Кутињо (Барселона)

Напад: Давид Нерес (Ајакс), Евертон (Гремио), Габриел Жезус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Роберто Фирмино (Ливерпул) и Ричарлисон (Евертон).

Новитет е повикот на талентираниот фудбалер на Ајакс, Давид Нерес, кој одлично се претстави во тековната сезона.

46-то издание на Копа Америка ќе се одигра токму во Бразил од 14 јуни до 7 јули кога е закажано големото финале.

Титулата од претходното натпреварување ќе ја брани репрезентацијата на Чиле.