Четири засилувања во еден ден: Брегалница го менува ликот за ВМФЛ

Второлигашот Брегалница одеднаш претстави четири нови засилувања.

Емре Кадри е дефанзивец кој доаѓа од Работнички. Претходно настапуваше во младинските категории на Адана од Турција. 22-годишниот Џихан Адили во редовите на штипските сини доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а кариерата ја започнува во младите категории на Шкупи, а настапуваше и за Кораби Дебар, Беласица и Дреница (Косово). 

Виктор Крстевски и Рејан Абази во Штип доаѓаат во пакет на позајмица од Гостивар. Крстевски е стопер кој освен во Гостивар, бележеше настапи и во Вардар и Пелистер. Роден е 2002 година и ги покрива централните одбрамбени позиции. Абази, исто така е роден 2002 година и ќе го засили нападот на ФК Брегалница. Работнички, Шкупи, Кораби Дебар, Локомотива и Гостивар се неговите претходни клубови во кој настапуваше.

Со оваа четворка, полека се комплетира конечниот ростер на Брегалница за претстојната сезона.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.