„Четири од четири“ - Клоп избран за менаџер на ПЛ за август! 

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е избран за менаџер на Премиер лигата за месец август.

Европскиот шампион и англиски вицешампион и оваа сезона ја започна фуриозно и од првото коло не го дава лидерското место во Премиер лигата, а еден од најзаслужните за овој успех, секако е германскиот стратег. 

Иако се соочуваше со проблеми со недоволни подготовки за фудбалерите кои настапуваа на Копа Америка и Купот на Африканските нации, сепак, Клоп го пронајде вистинскиот рецепт и август го заврши со четири победи од исто толку натпревари. 

Покрај големиот успех на домашна сцена, Ливерпул го грабна и првиот овосезонски европски трофеј, откако триумфираше на дуелот со Челзи во рамки од Суперкупот на УЕФА.