• Горан Упале

Денеска на програмата се два натпревари од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига, а во фокусот ќе бидат четири екипи кои минатата сезона беа дел од елитата.
Во Новаци, Пелистер ќе го пречека Работнички во интересна пресметка на тимови со високи амбиции. Битолчани по првите три кола имаат две ремија и една победа, додека Работнички влегува во дуелот со две победи и ќе се обиде да ја продолжи добрата серија.
Во Струмица, пак, ќе се сретнат Брера и Македонија ЃП. Брера има две победи и едно реми и засега е без пораз, додека „лавовите“ имаат по една победа, реми и пораз.
За сите четири екипи бодовите се исклучително важни, бидејќи станува збор за клубови со прволигашко искуство и амбиции повторно да се вратат во највисокиот ранг. Двата натпревари започнуваат од 16:30 часот.





