Четири клуба веќе си обезбедија билет за СКП, а освојувачот не е еден од нив

Тукушто заврши овогодинешното издание на Светското клупско првенство, а веќе се познати првите четири учесници на следното кое ќе се одржи во 2029 година. Интересно, еден од нив не е освојувачот на трофејот Челзи, кој своето место ќе мора да си го обезбеди со добри резултати во годините кои следат. 

Досега своето учество на следниот клупски Мундијал го обезбедија четири континентални прваци, а тоа се ПСЖ од Европа, саудиски Ал-Ахли од Азија, Пирамидс од Африка и Круз Азул од КОНКАКАФ Лигата на шампиони.

Само овие четири тима се сигурни учесници за турнирот за кој има многу непознаници. Следното Светско клупско првенство сè уште нема домаќин, се очекува одлука во следната година, а постојат неколку опции за такво нешто. 

Дури, ФИФА размислува за проширување веднаш на второто издание од 32 на 48 екипи.

ФОТО/PHOTO: Chelsea FC/Facebook