ВИДЕО: ЧЕТИРИ ГОЛА за ДЕСЕТ МИНУТИ за победа на Севиља против Малага

Во последниот денешен натпревар од 16. коло на Примера, Севиља забележа убедлива победа против Малага со 4-1 (4-0). Фудбалерите на Севиља оваа сезона играат извонредно на домашен терен и само лидерот Реал Мадрид има освоено повеќе бодови од нив.

Домаќините денешниот дуел го решија за само 10 минути во првиот дел кога постигнаа дури четири гола. Резултатот го отвори Вието во 25. минута, а истиот фудбалер во 28. минута зголеми на 2-0. Во 34. минута погоди и Бен Једер, а една минута подоцна Витоло донесе убедливи 4-0, резултат со кој се замина на одмор.

По паузата домаќините  се опуштија, а Рами во 61. минута набрзина заработи два жолти картони и донесе бројчена предност во продолжението за Малага. Гостите тоа набрзина го искористија и во 64. минута по голот на Рамирез намалија на 4-1. До крајот, освен уште една шанса фудбалерите на Малага не направија нешто посериозно, па победата заслужено остана во Севиља.