ЧЕТИРИ гола за 12 минути: Фудбалер со македонско потекло испиша историја во САД (ВИДЕО)

Фудбалерот со македонско потекло, кој настапува во Соединетите Американски Држави, Милан Илоски, одигра историски натпревар во дресот на Сан Диего, затоа што постигна неверојатни четири гола во победата од 5-3 против Ванкувер во МЛС. 

Илоски ги постигна своите четири гола во неверојатен интервал од само дванаесет минути, со што остави траен белег во историјата на американскиот клуб.

  • Головите на Илоски против Ванкувер:

25-годишниот напаѓач оваа сезона одигра дванаесет натпревари во дресот на Сан Диего во МЛС и постигна девет гола.