• Иван Димовски

Женската репрезентација на Македонија доживеа дебакл во дуелот со Англија и на Арената „Тодор Проески“ загуби со 0-10 (0-5) во рамките на седмото коло во квалификациите за Светското првенство. Избраничките на Кирил Изов немаа решение за гигантот на светскиот фудбал, па одново убедливо загубија со по пет примени гола во двете полувремиња.
Шест минути издржа македонската одбрана пред првпат да капитулира, а тогаш Бетани Мид го отвори резултатот (0-1). Фудбалерката на Арсенал стрелаше уште еднаш бргу по првиот гол за 0-2. Агонијата продолжи со погодоците на Тун, Вајт и Стенвеј во првиот дел, по што Англичанките поведоа со 0-5.
Вториот дел тргна пак катастрофално за Македонија. Одново двапати во шест минути стрелаше Мид, која ѝ даде четири гола на македонската селекција. Веќе во 56. миута на 0-8 зголеми Стенвеј, по што седеше серија измени во гостинскиот табор.
Иако избраничките на Вигман беа во шаренолик состав, Англија во 74. и 78. минута Ела Ан Тун го комплетира хет-трикот и „десетката“ во мрежата на Панчурова. Македонската мрежа се тресеше уште еднаш, меѓутоа голот беше поништен.
Македонија е претпоследна во групата Д со три бода од дуелот со Летонија, додека Англија продолжи да гази на врвот со максимален 21 бод и неверојатна гол-разлика од 63-0.