Четири европски гиганти се борат за потписот на „отпишаниот“ напаѓач на Јуве!

Четири европски фудбалски великани влегоа во трка за потписот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој повеќе нема иднина во италијанскиот Јувентус. 

Според информациите од повеќе медиуми на „чизмата“, интерес за Влаховиќ покажуваат Арсенал, Челзи, Баерн Минхен и ПСЖ, а од вчера во оваа трка се вклучил и премиерлигашот Њукасл Јунајтед. 

Српскиот репрезентативец не успеа целосно да ги оправда очекувањата по трансферот во Торино, а раководството на Јувентус е подготвено да разгледа понуди за негова продажба. Клубот сака да ослободи простор во буџетот и да започне реконструкција на нападот пред новата сезона.

Влаховиќ и натаму важи за еден од најквалитетните напаѓачи во Европа, па интересот од водечките клубови не изненадува. Се очекува неговата иднина да биде една од главните теми на летниот преоден рок, а конечната одлука ќе зависи од понудите што ќе пристигнат до Јувентус и од желбите на самиот фудбалер.