ВИДЕО: Четири црвени картони и гол во последна минута - Брага ќе игра за трофејот од Лига Купот

Во луд натпревар со дури четири црвени картони, Брага го совлада Спортинг на Стефан Ристовски со 2-1 (1-1) и обезбеди место во финалето на португалскиот Лига Куп. Со ова „зелен-белите“ ја прекинаа серијата во ова натпреварување, кое го освоија минатата година, со победата по изведување на пенали против Порто.

Натпреварот во Брага беше нервозен и тежок за играње. Нашиот Ристовски ги одигра сите 90 минути, а неговата екипа натпреварот го заврши со осум фудбалери. Со голот на Рикардо Хорта уште во осмата минута „црвено-белите“ дојдоа до водство. Францускиот интернационалец Жереми Матје во последните моменти од првиот дел го израмни резултатот.

Сепак, Французинот во самиот финиш беше негативен протагонист, откако неговата „жешка“ глава предизвика тепачка, вербални дуели и исклучувања. Победносниот гол за Брага го постигна Паулињо во 90. минута и донесе еуфорија меѓу домашните фанови.

Исклучени беа Боласи, Матје и Едуардо од Спортинг и Едуардо Вилсон кај Брага.

  • Извештај од натпреварот: 

Противник на Брага во финалето на Лига Купот ќе биде поуспешнио од второто полуфинале меѓу Виторија Гимареш и Порто.

Состави

Artur Jorge

    Рубен Амурим