Честитки за новите шампиони: Победа и Силекс ги добија пехарите

Македонското прволигашко друштво во иднина ќе биде побогато за два поранешни шампиони на Македонија - Победа од Прилеп и Силекс од Кратово се вратија во елитата.

Кратовчани одеа по полесен пат затоа што доминираа од почетокот до крајот на сезоната и ја држеа првата позиција во ВМФЛ-Запад. Во ВМФЛ-Исток, пак, беше повеќе густо, Победа пред две кола ја грабна позицијата број „еден“ и ја држеше до крајот.

Победа и Силекс ги добија пехарите на последните натпревари во Виница и Кратово. Влегуваат во ПМФЛ на местата на Борец и Пелистер кои се селат во понизок ранг.