• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев во новата година ќе има нов клуб, затоа што си замина од редовите на босански Радник Бијелина.
29-годишникот дојде во босанската Премиер лига со епитет на важно засилување за Радник, ама си заминува по само шест одиграни натпревари во клупскиот дрес. Чешмеџиев не беше во протоколот на Радник на последните седум меча, а последниот настап му беше во октомври кога одигра 24 минути со Посушје.
Пред да дојде во Радник, Чешмеџиев играше за Гостивар, а во кариерата ги носеше и дресовите на Хајер од Саудиска Арабија, Влазнија од Албанија, Септември и Славија Софија од Бугарија, Вележ од БиХ, како и македонските Шкупи, Шкендија, Брера, Македонија ЃП, Пелистер, Љубанци и Работнички.
ФОТО: FK Radnik SoccerBet Bijeljina / Facebook


