Чешки Злин загреан за Јани Урдинов

26-годишниот македонски фудбалер за врска Јани Урдинов веројатно во новата сезона ќе го смени клубот, но и натаму ќе остане во Чешка. Урдинов оваа сезона настапуваше за Јихлава, а сега голем интерес за него има од новиот прволигаш Злин.

Клубот од Моравија деновиве треба да го дефинира трансферот на Урдинов, кој пред да дојде во Чешка го носеше дресот на Рода, Екранас, Железничар, Виџев Лоџ, Фљамуртари и македонските Работнички и Шкендија.

Урдинов е роден во Белгија и првите фудбалски чекори ги направи воо Мехелен